Енергетскиот пасош задолжителен – но нема да важи за куќи и нема казни за стари станови


Преку амандмани ќе се интервинира во Законот за градба и индивидуалните објекти ќе бидат изземени од обврската за исполнување на условите за енергетска ефикасност која во новиот текст на законот е е задолжителна за сите градби.

Законот е предвидено да почне да се применува од почетокот на следната година. Сепак, законот не предвидува санкции за тие што нема да имаат извадено енергетски карактеристики за објектот така што излегува дека продажбата, односно издавањето ќе се одвиваат како и досега. Санкции тешки илјадници евра ќе има само за тие што ќе издаваат или продаваат нов стан, куќа или доградба, односно за сите објекти за кои треба одобрение за градење, а чие добивање е врзано и со обезбедување мерки на енергетска ефикасност. Ваква каша е направена со многуте законски измени за тоа како ќе се одвива целата работа во пракса, кои дури надлежните институции тешко успеваат да ги толкуваат.

energetski -pasosi

– Граѓаните што издаваат или продаваат стар стан имаат обврска од јануари 2015 година да извадат енергетски пасош. Не постои никаква пречка бидејќи доколку во моментов сакаат да извадат сертификат за енергетски карактеристики на објектот, тоа може да го направат бидејќи има обучени енергетски контролори, како и тарифник според кој се плаќаат 30 денари за квадратен метар. Во законите и правилниците кои се под наши ингеренции не се предвидени санкции за граѓаните што нема да извадат енергетски пасош, туку санкции постојат само за енергетските контролори. Но, доколку станува збор за новоградби и доградби, односно за сите објекти за кои треба да се добие одобрение за градење, казните за непоседување енергетски пасош се регулирани во Законот за градењето – изјави Анета Димовска, државен секретар во Министерството за економија.

Во ресорот објаснуваат дека поседување серитификат за енергетски карактеристики на зграда е задолжителен за нови згради или градежни единици, зградите или градежните единици кои се подложени на значителна реконструкција кога вкупната инвестициска вредност на реконструкцијата е поголема од 25 отсто од вредноста на зградата или повеќе од 25 отсто од површината на обвивката на зградата е предмет на реконструкцијата. Тоа важи и за згради или градежни единици кои се продаваат или кои се издаваат под закуп, а се над вкупната површина над 50 квадратни метри. Обврската не важи за викенд-куќи во кои се престојува во период помал од четири месеци годишно, за привремени објекти, верски објекти, производни хали, магацини и други објекти кои имаат мала побарувачка на енергија.

energetski pasos

За реконструкција без енергетски пасош – глоба од 3.000 евра

Со најновиот предлог за изменување на Законот за градењето е предвидено од 1 јануари 2015 година да се изрекуваат глоби од 1.000 до 3.000 евра на физички и на правни лица кои нема да обезбедат сертификат за енергетски карактеристики на зградата, и тоа за просториите што значително ќе ги реконструираат. Без обезбеден сертификат за енергетска ефикасност нема да може да се пушти во употреба објектот што е предмет на реконструкција.

Во постојните згради, доколку сопственикот, дали тоа е државата или приватно лице, сака да продава дел, зграда или стан или да го изнајмува под кирија, мора при потпишувањето договор кај нотар да има сертификат за енергетски карактеристики на недвижнината што ја продава или изнајмува. Тој сертификат треба да содржи колку енергија е потребна за греење на објектот во текот за грејната сезона во киловат-часови на квадратен метар корисна површина за кој било тип енергент. Со ова на купувачот му е овозможено да може да бира да го купи оној објект што ќе троши помалку енергија. За новите згради и куќи веќе постои обврска на инвеститорот при барање градежна дозвола да приложи во проектот потврда од овластен контролор дека проектот е усогласен со барањето од Правилникот за енергетски карактеристики на згради.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1