Епидемија на агресивен очен грип во Австрија: Заразната инфекција брзо се шири


Во Австрија се појави епидемија на многу заразен конјуктивитис. Лекарите предупредуваат дека се зголемил бројот на инфекции на око и дека има се повеќе случаи на таканаречен „очен грип“.

Инфекцијата е предизвикана од аденовирус. Типични симптоми се конјуктивитис со промени на рожницата. Многу е заразен, а болеста се пренесува со директен контакт, на пример по допирање рачки, банкноти или држачи во јавниот превоз. Вирусот и бактериите се пренесуваат на лето, а во есен уште повеќе се зголемува бројот на инфицирани.

По инфекцијата, потребни се околу 8 до 9 дена да се појават симптомите. Кај пациентите се појавува црвенило на окото, чешање, отекување на трепките, болка во окото и пречувствителност на светлина, зголемено солзење на очите… Во потешките случаи може да дојде до трајно оштетување на видот.

Лекарите предупредуваат дека инфекцијата може да се спречи само со строго водење сметка за хигиената. Офталмолозите советуваат да се избегнува триење на очите за да не дојде до воспаление и на другото око, а неопходно е редовно и темелно миење на раце.

Секој кој се сомнева дека има „очен грип“ треба веднаш да оди на офталмолог. Иако не постојат делотворни лекови за вирусот, маст или капки за очи ги ублажуваат симптомите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1