Новозаболените се од Шуто Оризари, Аеродром и Кисела Вода. Пациентите лекарска помош побарале на Инфективната клиника и во ГОБ 8-ми септември. Од скопскиот центар велат дека не се работи за врзани случаи . Последното деноноќие на Инфективна со Хепатит А хоспитализирана е само една 13 годишна тинејџерка од Шутка. Во моментот на Клиниката болнички се третираат 17 пациенти. Од почетокот на летото досега во главниот град се евидентирани 76 лица заразени со жолтица.
Расте бројот на новозаболени и во Штип. Денеска се пријавени три нови случаи, со што бројката на заразени во овој град достигна 37 лица. Сеуште се бара изворот на заразата. Резултатите од земените мостри покажаа дека штипската вода е безбедна и нема бактерии.
Случаи на заразна жолтица пријави и Кумановскиот центар за јавно здравје. Таму последените 2 недели се регистрирани три лица со Хепатит А.