Епл, Фејсбук и Јутјуб укинуваат содржини на теоретичари на завера – прв на удар Алекс Џонс


Неколку големи компании соопштија дека ќе ја отстранат или ќе ја запрат содржината на ултрадесничарскиот медиум „Инфо ворс“, чиј основач е теоретичарот на завери Алекс Џонс.

Епл соопшти дека ги отстранил подкастите на „Инфо ворс“ од својата „Ајтјунс“ електронска продавница и апликација за подкастинг.

„Авторите и произведувачите на содржини мора да ги почитуваат нашите правила кои се многу јасни бидејќи сакаме нашите корисници да бидат безбедни“, се наведува во соопштението на Епл.

Фејсбук, исто така, го укина профилот на Алекс Џонс.

Реториката на Џонс кон трансродните лица и муслиманите е многу потценувачка и запалива, што е една од причините поради кои Фејсбук ги отстрани неговите содржини.

„Сите треба да имаат право да изразат мислење, но исто така сакаме сите корисници на Фејсбук да бидат безбедни. Поради тоа мора да ги укинеме сите содржини кои не се во согласност со нашите правила, вклучувајќи говорна омраза и понижување на други“, соопштија од Фејсбук.

Јутјуб, исто така, го укина каналот на Џонс, кој го следеа 2,4 милиони луѓе.

Алекс Џонс се стекна со слава со помош на теориите на заговор кои ги пропагира, вклучувајќи ги и оние дека нападот од 11 септември и масовното убиство во Основното училиште во „Сенди Хук“ во Конектикат се лажни, односно дека ги изрежирала американската Влада.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1