Ер Србија почнува да лета од Белград до Њујорк – Вучиќ прв патник


рвите три карти на Ер Србија за летот на линија Белград- Њујорк ги купија амбасадорот на САД во Србија Кајл Скат, премиерот Александар Вучиќ и госпоѓата Марија Гачеша.

На Меѓународниот саем за туризам Вучиќ изјави дека неговата карта ја платил 399 евра и најави дека таа цена важи за претпродажба на картите за сите потенцијални патници, а после тоа картите ќе чинат помеѓу 500 и 600 евра.avion - er srbija

“Директниот лет од Белград до Њујорк е мал, но многу важен чекор за Србија, за нејзината иднина, за репутацијата на земјата, но и за привлекување на инвеститори”, порача премиерот Вучиќ, додека американскиот амбасадорот Скат изрази надеж дека оваа авионска линија ќе донесе и повеќе Американци во Србија.
“Се надевам дека повеќе Американци ќе ја запознаат Арбија и нејзините можности за туризам”, порача амбасадорот Скат.

Според Вучиќ, овој деловен потег на Ер Србија и Аеродромот Белград е важен и заради тоа што со него Белград ќе стане центар на регионот, па ќе може и луѓето од другите земји од окружувањето одовде директно да летаат за Њујорк.

Ер Србија ќе ја воведе директната авиолинија од Белград за Њујорк од 23 јуни годинава и авионите на оваа авиокомпанија ќе летаат на оваа линија пет пати неделно.

Српскиот национален авиопревозник Ер Србија е единствена авиокомпанија во регионот која има диретен лет кон Њујорк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1