Жан-Клод Јункер изјави дека го сака премиерот Бојко Борисов


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека го сака премиерот Бојко Борисов. Toj го нарече бугарскиот премиер “брат и пријател”.European Commission President Jean Claude Juncker (R) welcomes Bulgarian Prime Minister Boyko Borissov (L) ahead of a meeting at the EU Commission headquarters in Brussels December 4, 2014.     REUTERS/Yves Herman   (BELGIUM - Tags: POLITICS)

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер е сигурен дека Бугарија ќе излезе од мониторинг механизмот до крајот на неговиот мандат. Напредокот на Бугарија ќе биде разгледуван посебно од оној на Романија, додаде тој.

“Сигурен сум дека мојот пријател Бојко ќе стори сé за да одговори на нашите очекувања”, истакна Јункер во Брисел.

Според него никогаш немало бугарско-романска двојка, а двете држави се оценуваат според нивните заслуги.а

“Верувам дека Бугарија ќе ги оправда очекувањата, бидејќи јас многу го сакам мојот пријател и брат Бојко. Овој човек за мене е брат, пријател “, рече претседателот на ЕК. Јункер ја даде изјавата пред почетокот на седницата на Европската народна партија, каде што влезе, придружуван од премиерот Бојко Борисов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1