Ердоган бил предупреден за пучот – го спасиле Русите


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган бил предупреден од страна на Русија за подготовките за преврат во Турција, неколку часа пред почетокот на случувањата, соопшти иранската информативна агенција „Фарс“, јави БТА.

Информацијата била добиена од неколку дипломатски извори во Анкара.putin erdogan abas

Според информациите, турската Национална разузнавачка организација МИТ била предупредена за „неизбежен воен преврат“.

Тоа предупредување се основало на податоци, кои ги добиле руски војници, кои фатиле сигнал од разговор на заговорници.

Во текот на розговорот, се одредувал конкретен план за испраќање на неколку воени хеликоптери во хотелот во Мармарис, каде се наоѓаше турскиот претседател, со намера да го задржат или убијат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1