Ердоган го фрлил во корпа за смет писмото на Трамп


Турскиот претседател Ердоган го фрлил во корпа за смет писмото кое пред неколку дена му го испратил американскиот колега, Доналд Трамп, објавуваат турските медиуми.

Трамп, на денот на почетокот на турската акција во североисточна Сирија, му напишал писмо на Ердоган дека ако ситуацијата во Сирија не биде решена на хуман начин, тој во историјата ќе биде запаметен како ѓавол.

Не сакате да бидете одговорен за масакр на илјада луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија. Не биди лошо момче, не биди будала, навел Трамп во писмото, што на Твитер го објави новинарка на Фокс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1