Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска на првите директни претседателски избори во земјата, е избран за претседател на Турција уште во првиот круг од гласањето, соопштуваат турските телевизии.
Според делумните резултати врз основа на преброени 43 проценти од гласачките ливчиња Ердоган освоил 56,4 проценти, кандидатот на опозицијата Екмеледин Ихсаноглу 35,9 проценти, а кандидатот на курдското малцинство Селахатин Демирташ 8,5 проценти.