Ердоган објави крај на мировниот процес со Курдите


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска објави крај на мировниот процес со Курдите, додавајќи дека е невозможно негово продолжување во услови кога „милитантите ги поткопуваат национаното единство и интегритет“ на Турција, јави ДПА.

Турско-курдскиот мировен процез започна кон крајот на 2012 година, по што на почетокот на следната година Курдската работничка партија (ПКК) прогласи прекин на огнот и започна со повлекување на своите борци во северен Ирак. И покрај почетниот напредок, во последниве месеци мировните преговори западнаа во ќорсокак.erdogan

Јазот меѓу Турција и ПКК дополнително се продлабочи изминатиов викенд кога при напад на припадници на групата загинаа двајца турски полициајци. Нападот, уследи по бомбардирањата на турското Воено воздухопловство на позиции на курдските борци во северен Ирак во петокот, по што ПКК прогласи крај на примирјето.

Турските авиони ги извршија нападите врз позициите на ПКК, но и на џихадистичката група Исламска држава во Ирак и во Сирија, како одговор на миантонеделниот самоубиствен бомбашки напад во турскиот град Суруч, при што загинаа 32 лица.

Бомбардирањето врз позициите на ПКК во Ирак резултираше и со насилни протести на Курдите во повеќе турски градови, а минатата ноќ беше  извршпен напад и врз гасоводот за транспорт на гас од Иран до Турција, за што засега никој не презеде одговорност.

Ердоган денеска најави дека и покрај прекинот на мировниот процес, властите нема да ја забранат курдската Демократска партија на народите (ХДП), која на изборите во јуни првпат обезбеди пратенички места во турскиот Парламент, но нагласи дека не е исклучено против некои нејзини членови да бидат преземени мерки поради врски со милитантите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1