„Ешерихија коли“ во водата во Војшанци


Резултатите од анализи на земените мостри од водата за пиење од селскиот водовод во велешкото село Војшанци покажале дека е пронајдена бактеријата Ешерихија коли, како резултат на нехлорирана вода. Препораките од надлежните се дека водата мора да се дезинфекција поточно да се хлорира или во случајов задолжително треба да се преврива, објави Дума.мк.

vojsanci2finВо ваква состојба лекарите укажуваат дека доколку не се преземат соодветни превентивни мерки можна е појава на цревни заразни болести. Во голем дел од селата во Македонија, со вода за пиење од водоводи, кои ретко се хлорираат водоснабдувањето е ризично поради бактериолошката неисправност.

– Водата не е исправна за пиење, со допис ни потврдија од Институтот за јавно здравје, таа досега воопшто не е хлорирана бидејќи нема хлоратор. Во преговори сме со општината, комуналниот инспектор дојде и ја виде состојбата. Рече дека хлораторот изнесувал 190.000 денари и дека треба да доставиме барање до општината за таа да го обезбеди – рече Марјан Василев, од Месната заедница во Војшанци.

Plus info

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1