Авиокомпанијата „Етихад Ервејз“ од Абу Даби најави промени во пружањето на некои услуги на своите патници.
Најзначајната промена која се очекува е укинување на бесплатните услуги за личен возач на патници од прва и бизнис класа на сите аеродроми освен на својот матичен аеродром во Абу Даби.
Оваа услуга ќе остане достапна, но со доплата и ќе можат да ја резервираат и патниците од економската класа.