Познатиот парфем Шанел 5, како и многу други познати парфеми но и производи од органска та козметика, наскоро би можеле да бидат забранети на територијата на ЕУ, затоа што содржат состојки кои предизвикуваат алергија
Сите три состојки, кои се користат во многу парфеми, вклучувајќи го и Шанел 5, се причина за бројни алергии.
Уште 12 хемиски супстанци и осум природни есенции означени се како „посебно загрижувачки“.
-Ова не е насочено против еден парфем. Не пости намера Шанел 5 да се забрани- истакна комесарот за правата на потрошувачите Невен Мимица.
Доколку земјите членки го поддржат овој став, производителите ќе мора да ја сменат формулата за производство, и тоа во рок од пет години.
Се проценува дека околу 90% од производите би претрпеле промени. Според податоците на ЕУ, околу 15 милиони Европејци имаат кожни алергии.