Единаесет месечно бебе од Велика Британија Ава Џејн Корлес било нападнато и растргнато од домашното куче од расата питбул, додека мајка и Клои Кинг (20) со партнерот Лијам Рајт (26) гледале телевизија во другата просторија
Кучето со име Килер влегло во собата во која девојчето спиело и и нанело смртоносни повреди. Полицијата ги уапсила мајката и нејзиниот дечко, поради немарност. Тие се обиделе да го спасат бебето. Но било предоцна.
Соседите велат дека кучето и порано правело проблеми и било агресивно кон луѓето. Постојано лаело гласно на минувачите, а понекогаш и бегало на улица и напаѓало кого ќе стигне.
Покрај жалбите на соседите неговите сопственици не преземале мерки за да чуваат кучето на безбедно место.










