ЕУ ќе го забрани Шанел 5?


Познатиот парфем Шанел 5, како и многу други познати парфеми но и производи од органска та козметика, наскоро би можеле да бидат забранети на територијата на ЕУ, затоа што содржат состојки кои предизвикуваат алергија

sanel5Научниот одбор за заштита на потрошувачите на ЕУ, во својот извештај издвоил три алергени- синтетички супстанци Х И Ц Ц и две природни есенции од маховина, атранол и хлороатранол, како „небезбедни“ за здравјето.

Сите три состојки, кои се користат во многу парфеми, вклучувајќи го и Шанел 5, се причина за бројни алергии.

Уште 12 хемиски супстанци и осум природни есенции означени се како „посебно загрижувачки“.

-Ова не е насочено против еден парфем. Не пости намера Шанел 5 да се забрани- истакна комесарот за правата на потрошувачите Невен Мимица.

Доколку земјите членки го поддржат овој став, производителите ќе мора да ја сменат формулата за производство, и тоа во рок од пет години.

Се проценува дека околу 90% од производите би претрпеле промени. Според податоците на ЕУ, околу 15 милиони Европејци имаат кожни алергии.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1