ЕУ ќе и даде на Србија 3,2 милиони евра за прифаќање на мигрантите


Европската унија во следните шест месеци до една година ќе и помогне на Србија околу прифаќањето на мигрантите, за што ќе одвои 3,2 милиони евра, изјави денеска заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, Оскар Бенедикт.migranti pruga

– ЕУ уште денеска во Брисел го направи првиот чекор, издвојувајќи 150.000 евра за набавка на храна и хигиенски средства во прифатниот центар, во кој можат да се сместат околу 70.000 мигранти кои се очекуваат да пристигнат во следните три месеци – истакна Бенедикт по посетата на Прифатниот центар за мигранти во Прешево.

Според него, ЕУ заедно со Меѓународната организација за мигранти и УНХЦР подготвуваат и проект вреден осум милиони евра, кој ќе биде наменет за Србија и Македонија во врска со мигрантите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1