ЕУ: Ковид-пасошите ќе вклучуваат три категории


Откриено што подготвува Европската унија со ковид-пасошите. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по разговорите во Брисел рече дека сертификатот, кој е на дневен ред на Европската комисија, ќе вклучува три категории.

„ Трите категории во сертификатот се: оние кои биле вакцинирани, оние кои имаат негативен тест и оние кои го надминале вирусот Ковид-19“, објасни Пленковиќ во интервју за „Политико“.

Според сертификатот што Европската комисија ќе го претстави на следниот самит овој месец, тоа треба да го олесни патувањето и да ги укине мерките и ограничувањата утврдени од одредени земји.

„ Важно е да одиме напред. Целокупната идеја за консултации на европско ниво е да имаме некаков вид рамка што ќе ја земе предвид еднаквоста на нашите граѓани и можноста за движење“, рече Пленковиќ.

Европската унија е се поблизу до одлуката за воведување на сертификат за вакцинација, како услов за движење во рамките на земјите-членки.

Пред неколку дена се појави веста дека предлогот за воведување на таканаречени „ковид пасоши“ за слободно движење во рамките на Европската унија, кој ќе биде ставен на маса на 17 март, ќе важи само со одобрени вакцини од страна на Европската комисија за лекови (ЕМА).

Веста најпрво беше пренесена од извори на ЕУ од ТВ мрежата „Еуроњуз“, а како што е наведено, пасош-потврдата за бесплатно патување не ја исклучува можноста граѓаните да патуваат во рамките на ЕУ врз основа на тестови кои докажуваат дека не се заразени со коронавирус или ако се согласат на карантин.

Се уште не е познато како најавените дигитални сертификати за слободно движење во ЕУ, ќе бидат признати со земјите надвор од унијата. Хрватската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ, вели дека доколку сертификатот се однесува и на овие земји, тогаш граѓаните во Хрватска кои биле вакцинирани со некои други вакцини кои се уште не се одобрени од Европската агенција за лекови, ќе можат да патуваат во ЕУ со докази за негативен тест за ПЦР или присуство на антитела.

Макфакс

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1