ЕУ не го поддржа формирањето на Војската на Косово


Европската унија, како и НАТО, не ја поддржува одлуката на Собранието на Косово за формирање на косовска Војска, соопшти денеска Службата за надворешна политика на ЕУ.

– Собранието на Косово денеска донесе одлука за Безбедносните сили на Косово. Како и НАТО, и ЕУ продолжува да смета дека мандатот на Безбедносните сили на Косово може да се промени само со поетапен и сеопфатен процес во согласност со Уставот на Косово, се наведува во соопштението на Службата за надворешна политика на ЕУ.

Во текстот не се посочува што се подразбира под термините „поетапен и сеопфатен процес“ во формирањето на Вооружените сили на Косово.

ЕУ очекува Косово да продолжи да ги исполнува своите обврски од Бриселскиот договор со Белград, вклучително и сите обврски од сферата на безбедноста, се нагласува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1