По месец дена медиумите дознаа за смртта на Сондра Лок, најголемата љубов на Клинт Иствуд


Американската актерка Сондра Лок почина на седумдесет и четири годишна воздраст. Според информациите Лок починала на трети ноември, нејзината смрт била веднаш пријавена на властите, а информацијата се објавила пред два дена. Никој не знае зошто поминало толку време пред објавувањето на информацијата.

Лок починала во својот дом во Лос Анџелес, од срцев удар стимулиран од канцер на градите и коските.

Лон беше најпозната по шест филмови на Клинт Иствуд, од крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите години, Клинт Иствуд, меѓу кои се и „Одметникот Џози Велс“, „Ненадеен удар“. Лок била номинирана за Оскар за најдобра споредна улога за својот прв филм од 1968 година.

Лок и Иствуд биле во врска 13 години. Лок се омажила за актерот Гордон Андерсон во 1967 година, според посмртницата тие двајца сеуште биле во брак кога таа починала, а Андерсон бил тој што ја пријавил нејзината смрт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1