Евакуиран цел град – нашле тони екслозив (Видео)


Државната полиција во Луизијана во понеделникот открила 6 милиони килограми експлозив во магацини во поранешна воена фабрика за муниција, по што била приморана да го евакуира цел северен дел од оовој регион.

Трансферот на 6,000,000 килограми на експлозив започнал во саботата, а властите биле приморани истиот да го поделат во помали количини за да би можеле да претставуваат некаква сериозна закана за градот.

Материјалот бил складиран на имот изнајмен од страна на Explo Systems Inc, кој стана предмет на криминална истрага по една експлозија која што се случила во октомври.

Кутиите и помалите барели на М6 артилеријата биле пронајдени и сместени во неовластени згради изнајмени од страна на „Explo“ во кампот Минден, поранешна воена фабрика за муниција.

Компанијата безгрижно и несовесно не ги почитувала правилата за безбедност на своите вработени.

Фабриката за муниција се наоѓала на терен голем 15,000 хектари, и била изнајмена за комерцијална употреба. Останатите делови биле користени за обука на Националната гарда на Луизијана.

Официјалните лица на компанијата поради службеното патување во Јужна Кореја, пристигнале доцна во понеделникот, но според портпаролот на државната полиција истите соработувале уште од почетокот на истрагата.


Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1