Запознајте го најкул градоначалникот: Им ветил дека ќе краде и победил (Видео/Фото)


 

Главниот град Исланд го има најфеноменалниот градоначалник на светот.


Џон Гнар никогаш не се запишал на факултет, возел такси и свирел во панк бенд, а се прославил кога својата земја ја претставил како комичар.

Неговата добра пријателка е пејачката Бјорк, која на неговата сопруга и посветила од песната од албумот „Јога“.
Во 2009 година, Џон со неколку пријатели од работа основал партија под името „The Best Party“, (Најдобра партија или најдобра забава)

Со оглед на тоа дека сите политички партии се тајно корумпирани, „Најдобрата странка“, пропагирала „отворена“ корупција, како и тоа дека нема да ги исполни своите ветувања додека не поминат изборите.
Гнар на своите сограѓани им ветил бесплатни пешкири на градските базени, нов Дизниленд, поларни мечки во Зоолошката градина Рејкјавик, но и дека Парламентот ќе биде без дрога до 2020 година.


По шест месеци неговата партија победила на изборите.
Уште во своите предизборни настапи ветил дека нема да прави коалиција ниту со една партија чии лидери не ја гледале серијата „The Wire“, која се емитувала на HBO каналот.
Погледнете го видеото од иаборната кампања.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1