Евакуирани Арнолд Шварценегер и Леброн Џејмс


Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер и кошаркарската ѕвезда од ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс се евакуирани поради пожарите кои беснеат во Калифорнија и Лос Анџелес.

Повеќе од милион домови и деловни објекти се останати без струја откако вчераутро изби голем поажр во близина на музејот Гети во Лос Анџелес.

На илјадници лица, од некои од најбогатите квартови во градот, им е наредено да ги напуштат своите домови, меѓу кои се и Шварценегер и Џејмс, кој со семејството бил присилен да се евакуира.

Во Калифорнија е прогласена вонредна состојба, а евакуација се спроведува во Лос Анџелес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1