Слаткар не би бил Слаткар ако не направи вистинска лудница од спот.
Во видео записот нема што нема – ќе ги видите разиграни Слаткар, Тајзи, Ферус – индијанци, металци, кошаркари, народњаци и што ли уште не. За оваа нова песна веќе се вели дека ќе е новиот летен хит..
– Покрај Ферус и Тајзи, во целата приказна „влета“ уште еден човек, поточно станува збор за Александар Саша Рајковиќ, кој свири на тромбон и веќе 15 години е дел од бендот на познатиот музичар Горан Бреговиќ – изјави Слаткар.
Спотот е работен во продукција на Иноватива, режија на Владимир Дади Ивановски и асистенција на Дарко Манасијески. Јован Јованов е автор на песната, а истата се снимаше во студиото Јованови.
Еве го спотот