Еве го терористот: На 7 октомври влегол од Македонија во Србија, па заминал во Париз (ФОТО)


Еден од терористите кој пукаше во Париз ја поминал целата балканска мигрантска рута со сириски пасош на име Ахмед Алмухамед, открива српски Блиц, кој прв го објавува идентитетот на еден од учесниците во масакрот.pasos terorist

Кај еден од напаѓачите беше пронајден сириски пасош на името Ахмед Алмухамед. Врз основа на тој пасош француските служби за безбедност побарале помош од српските колеги, со оглед дека знаеле дека во Србија сите се регистрираат и има најкомплетна база на податоци за мигрантите на балканската рута.

Грчките власти објавија дека Алмухамед влегол на територијата на Грција на 3 октомври, српските служби констатирале дека истиот влегол во Србија на 7 октомври, кај Миратовица, од Македонија. Поминал низ контрадиверзиона проверка, па со сигурност се тврди дека не бил вооружен при преминувањето на границите.

Регистриран е во центарот во прешево, каде формално побарал азил. Продолжил по патот и ако што се дознава набрзо ја напуштил Србија, преминал во Хрватска, а од таму во Австрија. Единствено не е се уште потврдено дали се работи за вистинскиот идентитет, односно дали навистина пасошот бил негов.pasos terorist33

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1