Министерството за внатрешни работи до надлежното ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против лицето М.Џ.(34) поради постоење основано сомневање дека во временскиот период од Јануари до Јуни 2013 година извршила вкупно 12 кривични дела „измама“ предвидени и казниви по чл. 247 од КЗ на РМ, при што се стекнала со противправна имотна корист од околу 567.300 денари.
Серијата од вкупно 12 измами кои се гонат по приватна тужба, ги извршила на подрачје на општина Аеродром на тој начин што пријавената лажно претставувајќи се дека е вработена во базата на Бонстил на силите на НАТО во Косово како координатор за логистика, ветувајќи им на повеќе лица од Р.Македонија дека може да ги вработи во силите на НАТО како возачи, административни работници, месари, собарки, кафекуварки и во други служби, а на оштетените кои имаат фирми дека доколку аплицираат во НАТО ќе им среди да го добијат тендерот за снабдување на базата со прехрамбени артикли, хемиски средства за хигиена, пијалоци и други потребни артикли.
Оштетените ги држела во заблуда дека работата е во тек, при што се стекнала со вкупнa противправна имотна корист од околу 567.300 денари, кои ги потрошила за свои лични потреби. Оштетените требало да аплицираат со „СV“, фотокопија од лична карта, две фотографии и да платат сума од околу 6.000 денари за апликација од кои 1.800 денари за лекарски преглед (вадење на лекарско уверение, кои пари ќе им бидат вратени откако ќе се запослат).
Во меѓувреме, за да изгледа поуверливо, пријавената ги упатила во продавниците „Марди“, „Бицијани“ и „Пеко“ да одберат гардероба која ќе им биде работна униформа. Тројца од оштетени, сопственици на фирми требало да достават документи за регистрација на фирмата, две фотографии за беџ, фотокопија од лична карта и да платат сума од околу 1.500-2.500 евра за апликација.
Откако ги земала парите од нив, почнала да им бара примероци од храната и парфеми, за што оштетените почнале да се сомневаат, па затоа провериле во бутиците дали гардеробата за работна униформа е подигната, по што истите констатирале дека пријавената не ја подигнала, ниту ја платила истата.
Од страна на оштетените во ПС од ОН „Аеродром“ поднесени се записници за прием на кривична пријава, а еден од оштетените во прилог доставил и видео запис од безбедносна камера од канцеларијата од неговата фирма, каде се гледа како измамничката ги зема парите од него.
Со пријавената извршен е разговор со цел расчистување на кривичното дело, во кој разговор во целост го појасни начинот на извршување на кривичните дела.
Инаку пријавената беше предмет на интерес и при средбата на Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман.
На состанокот Бренгелман праша дали Министерството за внатрешни работи располага со информации околу измамите на пријавената за кои што бил информиран од НАТО.
Во крим евиденцијата на Министерството за внатрешни работи, пријавената минува засторени кривични дела од имотни деликти и кривични дела против правниот сообраќај, и против истата се поднесени четири кривични пријави.