Еве каде ќе има вечерва невреме – и какво ќе е времето деновиве


ВРЕМЕТО ВЕЧЕРВА И ПРЕКУ НОЌТА

До вечерва во северните делови ќе остане ведро со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе има малку повеќе облачност. Преку ноќта од северозапад ќе почне да дува северен и постуден ветер и ќе има и преку ноќта услови за појава на несабилност понекаде со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови и сосема на исток. Во утринските часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува најпрвин умерен, а потоа и особено на север и вдолж Повардарието засилен северен ветер. УВ=6 Т-мин. од 10 до 20 а т-макс. 22 до 29 степени.

Во Скопје утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почести претпладне и со појава на пороен дожд и грмежи. Од ноќта ќе дува најпрвин умерен, а потоа и засилен северен ветер. Температурата од 16 до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Поради спуштање на постудена воздушна маса кое ќе започне преку ноќта, појава на нестабилност се очекува уште во ноќните часови. Утре во текот на денот ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните и крајните источни делови. Појава на слаб дожд попладне ќе има и во недела особено на југот. Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен тој ќе е со послаб интензитет и температурите ќе се во пораст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1