Еве каде се краде најмногу по познатите летни дестинации


Доколку сте доживеале нешто такво, верувајте дека не сте единствени. Илјадници туристи секоја година остануваат ограбени особено во Барселона, но и на многу популарни летни дестинации.

djeparosТоа е толку честа појава, што вработените во музејот Лувр во Париз, неодамна организирале штрајк поради уличните криминалци кои влегуваат во музејот, а сличен протест требало да се организира и меѓу чуварите на ватиканската Сикстинска капела.

„Отсекогаш имаше џебни крадци во Лувр и други популарни дестинации во Париз, но минатата година тие беа премногу насилни“, вели Софи Аквир, супервизор на музејот.

Статистички, туристите се полесна и почеста мета на крадците отколку локалното население. Сепак, бидејќи нема правила околу тоа дали туристите ќе го пријават гражебот или не, тешко може да се следи состојбата.

Голем број летни дестинации се познати по уличниот криминал, а Барселона е убедливо на прво место.

Боб Арно, еден од авторите на водачот „Како да ги избегнете крадците, измамниците и уличните криминалци на патување“, објаснува каде уште може да се сретнат вакви нешта.

„Во последните десет години, полицијата се обидува да им застане на патот на уличините криминалци и работите полека се подобруваат. Сепак, мора уште многу да се работи“, објаснува тој.

Арно вели дека статистиката покажува дека кај седум до десет отсто од сите посетители на Шпанија се цел на крадци, а една третина од нападите се успешни.

По Барселона, Париз и Рим се следните „престолнини на џебните крадци“.

Најчесто овие крадци се активни меѓу посетителите на Сикстинската капела, Колосеумот и фонтаната Ди Треви. Опасно место е и железничката станица Термини, бидејќи метежот и хаотичната атмосфера се идеални за криминалците.

Меѓу земјите каде треба да бидете посебно внимателни на личните работи додека патувате или уживате во престојот на овие дестинации се: Лондон, Амстердам и Неапол- на стариот континент. Во Јужна Америка се градовите Рио Де Жанеиро и Лима, во Јужноафриканската Република е градот Кејптаун. Додека во Соединетите Американски Држави туристите се најчеста мета на криминалците особено во Њу Орлеанс и Лас Вегас.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1