Според поранешниот партнер на Путин, Сергеј Колешников, кој пребега од Русија палата е платена со пари кои Путин и неговите најблиски соработници ги исцицале од фонд за подобрување на руските болници. Путин убедил неколку милијардери да донираат за оваа цел, но апаратите кои биле купувани биле евтини, а вишокот бил префрлан за Јужниот Проект т.е. вилата од милијарда долари. Колешников тврди дека и тој го правел ова преку негова фирма, а тврди и дека бил во посета на палатата.
Документите покажуваат дека на државно земјиште е изградена палата која ја чуваат чувари од Кремлин заедно со приватна фрима за обезбедување.
Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: