Голема сообраќајка кај Струмица – 2 жртви, смачкани автомобили (Фото)


Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи изутринава во 6 часот и 10 минути на магистралниот пат Струмица-Радовиш меѓу селата Владевци и Радичево.IMG_4459

Според информациите од струмичката итна помош, двете лица животот го загубиле на самото место. Уште едно лице е потешко повредено и е префрлено на хируршкото одделениже во болницата во Струмица. Засега нема информации за други повредени.

Сообраќајката според првичните сознанија се случила при директен судир на патничко моторно возило пасат со штипски регистарски таблички и камион.IMG_4461

Истражните органи треба да утврдат како дошло до несреќата.

АМСМ информира дека поради сообраќајната несреќа сообраќајот на патот Струмица – Радовиш е во прекин во двата правца.IMG_4458

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1