xmas3Градот Скопје и оваа година во рамките на Новогодишните и Божиќните свечености ја организира веќе традиционалната манифестација “Новогодишните бои на Скопје“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови и работни простории и да придонесат во разубавување на празничниот амбиент на градот.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да испраќаат на Интернет-адресата [email protected] или на адреса: булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.
Град Скопје и година, традиционално избира:

1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
2. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
3. Најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно);
4. Најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија којашто ќе биде составена од претставници на медиумите.

Кои се предвидените награди проверете тука.

skopjeinfo.mk