Еве како да направите сами сируп од коприва – за прочистување на крвта


Традиционално сируп од коприва се користи за чистење на крвта, но вкусен е и освежувачки пијалок ако го помешате со газирана вода и малку мраз. Научете како да го направите

sirup-od-koprivaОвој сок е добар и за ревматизам и артритис, а како копривите имаат многу железо го користат и во борбата против анемијата.

Дури го пијат и тие кои имаат астма и проблеми со кожата. Исто така, се верува дека ги спречува респираторните и уринарните проблеми, но и губење на косата.

Не мора секогаш да го разблажувате со вода, можете само да го посипете преку своите американски палачинки.

Ви донесуваме два рецепти – еден сосема едноставен, а другиот во комбинација со лимон и мед.

Наједноставниот сируп од коприва

Ќе ви треба: 1 кг лисја од млада коприва, 2,5 литри вода и шеќер (500 g на секој 500 ml течност).

Измијте и процедете лисја од коприва, потопете ги во вода и крчкајте ги на средна температура околу еден час, додавајќи вода која вари. Процедете, додадете шеќер и мешајте додека потполно не се истопи. Добиениот сируп ставете го во стаклени шишиња и добро затворете. (На листовите од коприва можете да додадете лисја од рибизла во сооднос 1:1).

Коприви, мед и лимон

Подгответе: 400 гр свежи млади лисја од коприва, сок од 6 големи лимони, 800 гр шеќер, 5 лажици ливадски мед и 1 литар филтрирана вода.

sirup-koprivaaПостои трик, ако не ви се допаѓа оваа идеја со многу шеќер. Можете да го замените со мед, но само дел, да речеме 300 гр – заменете со 1 кг мед, но не варете го и додадете го во разладениот сируп. На тој начин добиен сок има пократок рок на траење.

Копривите се мијат и се сецкаат. Истурете вода во тавата и ставете шеќер (да речеме, половина кафен, половина бел). Сè ставете на шпорет да се готви мешајќи повремено (кога ќе зоврие нека крчка 5 минути). Ако се појави пена на површината отстранете ја со лажица.

Копривите ставете ги во керамички сад и прелијте со шеќерен сируп. Поклопете го со чинија и притиснете со потешка чаша или тегла. Оставете го така 10 минути. Сега додадете сок од лимон и мед. Со рацете цедете го сокот и одвојувајте ги копривите. Кога ќе добиете сируп, процедете го низ цедалка, ако е потребно и работата е завршена. Сирупот сипајте го во стерилизирани шишиња, затворете ги и оставете на ладно и темно место.

Сокот правете го така што ќе промешате ¼ чаша сируп со ¾ вода. Сирупот може да трае 6 месеци.

Кукурику.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1