На многу едноставен начин и во неколку чекори можете да видите дали некој во чепкал по профилот на Фејсбук. Кога ќе се логирате, во десниот горен агол ќе кликнете на „settings“.
Следниот чекор ќе кликнете на „Security“, а потоа на „Edit“ кај „Active Sessions“, како што е означено на фотографијата. Тогаш ќе ја добиете листата на локација и уреди со кој сте логирани на својот профил.
Тоа се информации како што е оперативниот систем, и кое време сте биле логирани.
Доколку приметите некакво сомнително логирање, од уред за кој не сте стигурни, можете веднаш да го прекинете со клик на „End Activity“, но веднаш потоа променете ја шифрата и пријавете го проблемот.