Еве како да зачувате сè што некогаш сте објавиле на Фејсбук!


Сè што ви е потребно за да ги прегледате сите ваши активноста на познатата социјална мрежа Фејсбук, се наоѓаат токму на неа, така што не е потребно да инсталирате какви било додатоци, пишува српски „Телеграф“.

Доколку некогаш сте се запрашале што сè сте поставиле, „лајкнувале“ и коментирале на Фејсбук, сега тоа можете да го погледнете, но и да го зачувате на вашиот компјутер. Не е потребно да се инсталираат никакви додатоци, туку оваа опција се наоѓа во подесувањата

Facebook-Istorija

Низ неколку едноставни чекори ви откриваме како да зачувате сè што сте објавиле на оваа социјална мрежа.

Прво што е потребно да направите е да го отворите подесувањето во горниот десен агол на страницата.

Потоа ќе ви се отвори нова страница, во чиј долен агол со мали букви пишува: „Download a copy of your Facebook data“. Кликнете на тоа.

Facebook-Istorija22

Потоа ќе ви се отвори нов прозорец на кој во зелен правоаголник ќе пишува „Start my archive“. Кликнете тука, а Фејсбук од вас повторно ќе бара да ја внесете вашата шифра поради безбедност.

Кога ова ќе го завршите ќе добиете известување деа податоците се собираат и дека на имејлот со кој сте го регистрирале вашиот налог ќе стаса порака кога се ќе биде подготвено за преземање.

За неколку минути сè ќе биде готово. Во имејлот кој ќе го добиете се наоѓа линк од кој можете да преземете сè што некогаш сте поставиле на Фејсбук. Ќе ви се отвори нова страница на која ќе пишува „Download my archive“. Кога ќе кликнете на тоа, од вас повторно ќе се бара да внесете шифра за да започне преземањето.

Facebook-Istorija33

Фајлот има неколку мегабајти, сè во зависност од бројот на фотографиите, постовите, коментарите и сето останато, а сите информации освен фотографиите ќе се отвораат во интернет пребарувачот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1