Еве како Facebook може да ви го „ограби“ телефонот


Социјалната мрежа Фејсбук неодамна во своите мобилни апликации овозможи автоматско пуштање на видео клипови во „news feed“.

Иако оваа функција на некои корисници добро ќе им дојде, повеќето сепак ќе направат големи сметки за телефон, затоа што е потврдено дека троши голема количина на податоци за пренос.krazba-fb1

Портпаролот на компанијата „Facebook“ изјави дека се обиделе видео снимките да трошат што е можно помалку податоци за пренос, што сепак и не е случај, но за среќа оваа опција може да се исклучи во само неколку чекори.

Доколку користите „iPhone“ се што треба да сторите е да одите во „Settings“, да го пронајдете „Facebook“ и да ја отворите таа опција. Потоа одете во „Settings“, па „Auto-play“ и одберете ја опцијата „Off“ или „Wi-Fi only“.krazba-fb2

На „Android“ уредите отворете ја апликацијата „Facebook“, одете на подесувања, кликнете „App Settings“, а потоа одберете ја опцијата „Wi-Fi only“ или „Off“.

 

На овој начин ќе бидете сигурни дека на крајот на месецот нема да добиете „изненадување“ во вид на преголема сметка за вашиот мобилен телефон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1