Во Србија за тегла мед се плаќа од 10 до 13 евра


Мајските поплави предизвикаа огромни штети врз пчеларството во Србија, па производството на мед е драстично намалено. Затоа се предвидува српскиот пазар да биде погоден од сериозен недостиг на мед, а цената да се зголеми, пишува порталот “Фактор”.

Освен поплавите, проблем за пчеларите се и обилните дождови во времето на цветање на медоносните растенија, па така багремов мед речиси воопшто нема да има во продажба годинава.

med-i-cimet-lek-za-se-01Како пример, пчеларите од Сојузот на пчеларски организации од Србија минатата година собрале околу 3.000 тони багремов мед, а оваа година едвај десет пати помалку.

Затоа се проценува дека и цената на природниот мед драстично ќе се зголеми – ако минатата година тегла мед во Србија чинеше 600 динари (околу 5 евра), годинава таа се очекува да достигне цена од 1.200, па дури и 1.500 динари (меѓу 10 и 13 евра).

Се проценува дека и извозот на мед во Србија ќе опадне и тоа за цели 85%.

„Во мајските поплави настрадаа 1.683 кошници, а вкупната штета заради уништувањето на пчелите и загубите од приносите на багремов мед се проценуваат на над 20 милиони евра“, вели претседателот на Сојузот Родољуб Живадиновиќ.

Ваквата ситуација на пазарот ја користат продавачите на фалсификуван мед, кои прават обид да го продадат како природен. Познавачите велат дека по вкус, мирис и боја медот можат да го препознаат само искусните пчелари, а за останатите прв показател дека медот е фалсификуван може да биде нереално ниската цена.

Вештачкиот мед се состои најмногу од кристал шеќер, како и од пченкарен сируп кој се користи во кондиторската индустрија. Тоа се супстанции кои никако не се здрави и не треба воопшто да ги има во природен мед.

Недостигот на мед на српскиот пазар се очекува да се одрази и на остатокот на регионот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1