Еве како изгледа Бејрут – Исчезнал цел кварт, расте бројот на мртвите


Сопругата и ќерката на либанскиот премиер Хасан Диаба повредени се во силната експлозија која денеска го потресе подрачјето недалеку од пристаништето на Бејрут, јавија арапските медиуми.

Apocalyptic scenes in #Beirut

Gepostet von Vanessa Beeley am Dienstag, 4. August 2020

Арапската телевизиска станица „Ал Арабија“ наведува дека повредени се и неколку советници на премиерот Диаба.

Од експлозијата оштетена е и официјалната резиденција на претседателот на Либан, палатата Бабда. Од детонацијата уништени повеќе згради, како и Амбасадата на русија.

Различни извештаи пристигнуваат за жртви.

Болниците се преполни, сите служби се вработени на терен, а целата ситуација целосно го скрши гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, кој плачеше пред новинарите.

Додека околу него можеше да се види чад и рушевини, Абуд ја спореди катастрофата со нуклеарните напади на Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна.

Иако се сомнева дека експлозијата се случила во магацин на експлозивни материи во пристаништето, точната причина сè уште не е позната. Абуд потврди дека избувнал пожар и дека пожарникарите кои дошле да го изгаснат тогаш исчезнале.

„Ги бараме, 10 од нив во моментот недостасуваат. Личи на се што се случи во Јапонија, Хирошима и Нагасаки. Тоа ме потсетува на тоа. Никогаш не сум видел такво уништување во целиот мој живот. Ова е национална катастрофа”, рече тој низ солзи.

Според безбедносни извори, во таа област има и складирани хемикалии. Една од теориите е дека експлозијата можела да биде предизвикана од натриум нитрат, конфискуван на бродот пред една година, кој бил во магацин во пристаништето. Петарди и огномет може да се слушнат пред да следи катастрофалната експлозија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1