Отворени се спортски центар „Јане сандански“ и хотелот „Русија“ што се наоѓаат во општина Аеродром.
Комплексот има арена, односно централна сала со капацитет од 6.500 посетители, хотел како и помошна спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.500 посетители, како и конгресен центар.
Дополнителните спортски капацитети планирани се да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава, а тоа се тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.
Во изградбата на спортскиот центар учествуваа повеќе од 60 македонски компании, пет странски, како и околу 1.600 работници, а целиот проект беше завршен за 16 месеци.
Хотелот „Rусија“ располага со 61соба и апартмани.
Проектот е изграден со јавно приватно партнерство на компанијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и општина Аеродром.