“И ќерка ми ќе паднеше во канџите на убиецот на Тијана” – потресна исповед


Ме фаќа паника кога ќе помислам што тој монструм можеше да и направи и на ќерка ми. Откако дознав дека тој го направил грозоморното убиство на Тијана Јуриќ, не можам да се смирам. Постојано ми се враќа филмот во глава. Добро е што веднаш реагирав. Видно потресен таткото на друга малолетничка од Србија на која убиецот на Тијана и фрлил око, ја раскажува својата приказна за српскиот Курир.

Месарот од Суботица ја вознемирувал неговата ќерка. И праќал СМС-пораки и ја демнел, а тоа се случувало пред 12-13 години.

Tijana-Dragan-500– Мојата ќерка која сега има 27 години и две деца, тогаш одеше во Основно училиште. Еднаш сопругата ми кажа дека Џуриќ почнал да и праќа пораки и да ја прогонува. Сопругата ми кажа дека пораките се многу вулгарни и безобразни. Ќерка ми почна постојано да плаче поради нив, вели таткото.

Бидејќи неговата ќерка била малолетна и беспомошна, тој отишол кај Џуриќ и неговите родители и ја решил ситуацијата. Џуриќ тогаш бил постар од девојчето 7 години.

– Му реков Драгане ако пратиш уште една порака на мојата ќерка ќе си имаш проблем со мене. Се завртев и си отидов, си ја отвора душата таткото на Курир.рс.

Таткото вели дека оттогаш не чул ни глас за монструмот, а се шокирал кога дознал дека ѕверски ја мачел и убил Тијана.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1