Изминатиот викенд илјадници љубопитни граѓани пристигнаа на островот Монт Сент Мишел , една од најзнаменитите француски туристички атракции, за да го набљудуваат нивото на водата кое достигна висина на четирикатница.
Околу ова карпесто островче од кое се издигнуваат кули од средовековна тврдина, во неделата вечер нивото на водата требаше да достигне 15 метри што одговара на висина на една четирикатница.
„Плимата на векот“ како што ја нарекоа светските медиуми се случува еднаш во векот но не е прва од ваков тип. Станува збор за феномен кој се повтроува на 18 години, а го предизвикуваат делумни промени во движењето на Месечината. Кога Месечината е рамна со Сонцето се создава помрачување на Сонцето и тоа токму во време на пролетната рамнодневница, кога Сонцето е најблиску до екваторот.
Следен таков случај ќе има во март 2033 година, па дури во 2051 година. Последната ваква плима се случи на 10 март 1997 година.
Ерик Ланголис , научник во францускиот национален хидрографски ин ститу објаснил дека плимата на векот се случува во моментот кога Месечината и Сонцето се на иста линија како и Земјата и се зголемува магнетното поле. Плимите во заливот Монт Сент Мишел се толку драматични бидејќи полуостровот на врвот на Нормандија и на брегот на Бретања делуваат како вид на инка за океанската вода која се разлева на песочните пространства на заливот.
– Луѓето размилсуваат за плимата во контескт на висината. Но овде водата се движи хоризонтално отколку вертикално. Како во када, прво мора да се пополни целото дно пред да почне да расте – изјавил Ланголис.
Овој природен феномен бил опасен за двајца луѓе. Време за бегање немал 70-годишен рибар кој бил пронајден мртов во саботата на плажата. Тој веројатно изгубил рамнотежа поради надоаѓачкиот бран, а потоа го однела струјата, а неговото тело е пронајдено кога имало осека. Друга жртва исто така бил рибар чие тело е пронајдено во водите на островот Ајл Гранде на запад. Петнаесет лица морало да бидат спасувани во саботата попладне во Бретања.