Еве како ќе изгледа новиот трговски центар во Скопје – се отвара во декември


Финишира изградбата на трговскиот центар Капитол во скопската населба Аеродром. Од раководството најавуваат дека свеченото отворање на Капитол ќе биде кон средината на декември. Изградбата на хотелот почна во јуни минатата година, а инвестицијата е во вредност од 30 милиони евра. Трговскиот центар е сместен на површина од 35.000 метри квадратни, пишува Фактор.

– Граѓаните ќе добијат нов современ трговски центар, со бутици од светски познати брендови, резиденции, детски игротеки, фитнест центар, 3Д кино сали, ресторани, банки, аптеки, голем супер маркет Рамстор и се друго. Очекувам трговскиот да работи најдобро, бидејќи ќе биде најдобриот трговскиот ценатар со нови брендови кои за прв пат ќе им бидат понудени на македонските граѓани. Со отворањето на тровскиот ценатр се отвораат и 400 нови работни места, вели за Фактор инвеститорот од „Сити плаза Скопје“ и почесен конзул на Турција во Македонија, Ајдован Адемовски.Трговскиот центар е на четири спрата и има сопствен подземен паркинг простор со капацитет за 400 возила. Горните спратови од хотелот ќе бидат резиденции, а продажната цена за нив изнесува 1.500 евра за метар иквадратен.

nov trgovski2

nov trgovski3

nov trgovski

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1