Еве како ќе изгледате по десет години пиење алкохол (Видео)


Доколку сакате да видите каков ефект врз вашето лице и вашиот изглед има количината на алкохол, која дневно ја конзумирате, тоа можете да го сторите со помош на апликацијата Дринкинг Мирор.

pogledajte-aplikaciju-koja-pokazuje-kako-alkohol-utjece-vase-lice-slika-1122332Таа е достапна и бесплатна и на андроидите и на ајфоните, а претходно оваа година беше создадена како дел од кампањата на шкотската Влада во борбата против алкохолизмот меѓу жените, Drop a Glass Size.

Апликацијата ви овозможува да се фотографирате, да впишете дневно во просек по колку алкохолни пијалоци внесувате, а потоа да видите како ќе изгледате за десет години.

Иако во некои случаи резултатот може да биде малку претеран, ова во секој случај е добра тактика за намалување на количината на внесен алкохол, кај оние кои многу пијат.

Врската меѓу здравјето и алкохолот не е сосема јасна, особено доколку се земат предвид истражувањата во кои се тврди дека во мали количини алкохолот е добар за здравјето. Дерматолозите, пак, тврдат дека испуканите капилари немаат врска со пиењето, но никој не порекнува дека поради премногу алкохол кожата може да дехидрира и да биде уморна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1