На местото каде што Тијана е киднапирана, беа пронајдени нејзината патика и нокт. Тоа беше првата трага за полицијата.
Систем на елиминација
– Доказите се со лош квалитет бидејќи селаните ги поместувале и газеле. Во текот на истрагата, повеќе од 100 луѓе беа повикани на разговор во полиција и тогаш се појавија првите индиции кои посочија на Ѓуриќ. Набрзо врз основа на базните станици за мобилна телефонија утврдивме дека критичната ноќ, тој бил на местото на злосторството – објаснува соговорник за српски Курир за тоа како почна потрагата по убиецот на малата Тијана.
Со примена на системот на елиминација, Драган Ѓуриќ се најде меѓу осомничените лица.
– Полицијата го држеше на око неколку дена, но неговото однесување не беше невообичаено за еден нормален човек. Не даваше впечаток на личност која би извршила такво грозоморно злосторство за кое зборува целата земја. Не збунуваше тоа што не можевме да најдеме никаква поврзаност меѓу него и Тијана,односно ние бевме сигурни дека тие никогаш порано не се сретнале – додава тој.
Тој беше потполно смирен
Инспекторите се речиси сигурни дека тој е киднаперот, но не знаат дали девојката е сè уште жива.
– Tоа чекавме да се открие и да не донесе до местото каде што верувавме дека ја чува. Бидејќи од ден на ден живееше нормално, одлучивме да не чекаме и да го приведеме. Тој беше сосем смирен кога дојдовме по него на работното место во месара, остана смирен дури и кога му ги стававме лисиците – објаснува изворот на Курир.