Еве како постојано да го имате скапиот ѓумбир дома – и тоа за ЏАБЕ


Ѓумбирот е многу погоден за одгледување во домот бидејќи потребна му е мала количина на сончева светлина и тоа овозможува некои негови делови да бидат оставени да растат во почвата додека другите се користат.

Она што го прави уште попривлечен е неговиот вкус и здравиот состав. Ѓумбирот е често користен во готвењето, како и во чаевите и други билни коктели.Ginger gjumbir

Ѓумбирот зрее во текот на период од 10 месеци. Се препорачува да се чува во затворен простор во текот на студените месеци, бидејќи не толерира ладно време.

Како да засадите ѓумбир?

Градинарските центри или билните аптеки се најдобрите места да се купи семе за ѓумбир. Не се препорачува да се засади ѓумбир купен во супермаркетите бидејќи се третирани со инхибитор за ’ртење и резултатите ќе бидат далеку од посакуваните. Во случај да купите ѓумбир од супермаркет, се препорачува да се остави во вода преку ноќ за да се отстранат сите пестициди доколку ги има.

Ефективни совети за одгледување на ѓумбир во затворен простор

Гледајте да одберете мек, еластичен корен за садење со цврста кожа, и по можност со неколку никулци, колку се позелени толку подобро. Отстранете го секој никулец и засадете го посебно во широка, плитка саксија бидејќи ѓумбирот расте хоризонтално.

Чекор-по-чекор водич за одгледување на ѓумбир дома

1. Потопете го ѓумбирот во млака вода и оставете го преку ноќ за да се ослободи од сите токсини.

2. Користете богата, ровка почва за да ја наполните саксијата.

3. Поставете го коренот во почвата со неговата пупка насочена нагоре; покријте со околу 5 сантиметри почва и добро наводнете ја.

4. Чувајте ја саксијата со ѓумбир на топло место под сенка.

5. Користете спреј шише или лесно наводнувајте ја почвата за да се задржи влажноста.

6. Првите ‘ркулци треба да никнат од земјата за неколку недели. Продолжете со континуирано наводнување.

Берење на плодот на ѓумбир

Првите парчиња на ѓумбир можат да бидат собрани за 3-4 месеци. Бидејќи ризомите ќе бидат созреани за тоа време, можете да ги отстраните несаканите никулци на работ на саксијата или може да насадиде неколку ризоми одделно за повеќе плодови. Доколку водите добра грижа за растнието, тоа постојано ќе произведува корени кои можете да ги берете како што е опишано погоре.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1