Еве како се помага на земјата – Новак Ѓоковиќ го откупи цело магарешко сирење (Видео)


На насловната страница на дејли маил осамна текст ,, Новак Ѓоковиќ ги откупува сите количини на ,,пуле,, магарешко сирење, за луксузни ресторани кои ќе ги отвара,,Светски познатиот тенисер Ноле со ова го вивна магарешкото сирење меѓу светот на познатите, па веќе имало заинтересирани и други познати ѕвезди кои имаат ресторани да чујат што тоа Ноле на големо откупува.

Сирењето го има само во Србија на фарма во српското село Засавица и се произведува од магарешко млеко и е најскапо досега со цена од 400 фунти за 450 грама.

Сопственикот на оваа фарма Слободан Симиќ потврдил дека Ноле ја откупил цела количина за 2013 година и дека ова сирење ќе е специјалитет во неговите ресторани.

Од млекото на магариците се прави сирење со уникатен вкус кој се споредува со шпанското манчего кое чини по 6 фунти за 450 грама, но магарешкото сепак имало побогат вкус. Потребни се 25 литри свежо млеко за да се добие килограм сирење, а на фармата има 130 магарици, од кои како што пишувавме претходно првите магариња соственикот ги купил од Македонија.

Најскапото сирење е од Србија, магарешко, 1000 евра кг – магарињата од Македонија (Фото)

На фармата се произведува и свежо млеко како и сапуни од магарешко млеко зошто се познати здравите состојки и антиалергиско дејство.

Содржи дури 60 пати повеќе витамин Ц од кравјото млеко.

Со ова најскапото сирење на светот од Србија е на пат да стане светски бренд на земјата, со помош на Ноле.

Нашиот Пандев е од Струмица – па еве идеја за промоција на струмичкиот ајвар кои е најдобар на светот без конкуренција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1