Камиони паднале во провалија кај Демиркаписка Клисура


Два камиона паднале во провалија кај Градец во близина на Демиркаписката Клисура а возачите за среќа минале со полесни повреди.

Едниот од камионите е со македонски регистарски таблички, а другиот со грчки. До несреќата дошло околу 20 часот, а според полицијата причина за излетувањето на камионите е лизгавиот пат кои поради снежните наноси бил исклучително ризичен на делот Демир Капија – Удово.

Два камиона и еден автобус ноќеска се излизгале од коловозот и на автопатот Скопје – Велес, кај Катланово. Нема повредени.

Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека во 13 часот е укината и последната забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан. Сообраќајот на сите патни правци во Македонија е нормализиран

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1