Фото: Им дале сметка за ,,дебели,, во ресторан – навредените гости бараат оштета


По ручек во еден отмен ресторан, очекувате да си го исправните новчаникот, а не да ви ги повредат емоциите. Но, во овој случај со три девојки од Калифорнија, сметката која ја добиле, а која била експлицитна, длабоко ги навредила.

Имено, откако келнерот во отмениот ресторан „Cameo Casino Club“ им ја дал сметката на Кристин Дуран, Кристина Хуерта и Исабел Роблес, на истата го забележале натписот „Fat Girls“ (дебели девојки).
„Ја земав сметката и кога видов што пишува им кажав на пријателките, но тие мислеа дека се шегувам, па се насмеаа“, изјавила Дуран.
Откако ја виделе сметката и се увериле и сами, отишле до кај келнерот кој им рекол дека нема ништо со тоа и дека веројатно неговиот колега Џеф, чие име и било запишано на сметката и кој ја примил нарачката, во шега напишал за да ги препознае гостите на кој им е наменета сметката, но дека неговата смена завршила и дека не е тука.

Вознемирени и огорчени, трите жени барале да се видат со сопственикот на ресторанот.
„Имаше глупав израз на лицето, како кога нешто е смешно, но се воздуржуваше да се насмее“, изјавила Хуерта.
Менаџерот нагласил дека му е жал што тоа се случило и им понудил прво, 25 а потоа и 50% попуст. Но, тие не биле импресионирани.

„Не можев да верувам. Не означија како дебели девојки“, додала Хуерта. Ова не може да остане вака, не смее.
Сопственикот на ресторанот потоа изјавил дека споменатиот келнер е суспендиран и дека иправата ќе ја продолжи истрагата за овој инцидент, а сака да стапи во контакт и со девојките како соодветно би им се извиниле.

Фото/Видео: Еве ги девојките кои ја добиле ,,дебели девојки,, сметката
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1