Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од осум до 15 степени.
Во Скопје слично време со температура до 13 степени.
Од недела во попладневните часови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наутро ведро. Доцна претпладне значително наоблачување со прогресија од запад кон исток. Доцна попладне и вечер врнежи се очекуваат во Шарскиот регион, снег над 1600 метри.