Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Наутро ќе има услови за појава на слаба магла понекаде во речните долини.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од 16 до 22 степена.
Во Скопје сончево со слаб променлив ветер, а наутро со услови за појава на слаба магла.
Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Продолжува период на стабилно, суво и претежно сончево време со услови за слаба магла по одделни котлини. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните благо ќе опаѓаат.
Од четврток попладне ќе започне да дува слаб, а за време на викендот со зголемување на облачноста и умерен северен ветер.