Четврток носи генерално намалување на облачноста, но повторно ќе има услови за појава и задржување на слаба магла и ниска облачност низ котлините, особено долж Повардарие и источниот крај.
На повисоките места, пред се во западниот регион ќе има повеќе сончеви периоди.
Температурата ќе има минимална вредност која ќе биде позитивна, а дневниот максимум на температурата ќе има вредност во дијапазонот од 7°С до 12°С.
Петок ќе донесе повторно повеќе сончеви периоди, со мала до умерена облачност, но пред се на повисоките места. Услови за слаба магла и ниска облачност повторно ќе има низ дел од котлините, но со тенденција на расчистување во текот на денот.
Утрото ќе биде постудено во однос на четврток, а минималната температура ќе има вредност во дијапазонот од -3°С до 5°С.
Денот во однос на четврток ќе биде потопол за околу 1°С.
Сабота ќе биде слична на петок во однос на временските услови, но потопла преку ден за околу 2°С. Утрото ќе биде релативно студено со минимална температура околу 0°С.
Во недела се очекува пад на дневниот максимум на температурата за околу 3°С во однос на сабота. Се очекува наоблачување кое ќе донесе нови врнежи.
Сепак за деталите околу викенд прогнозата ќе се погрижиме наредните денови заради евентулани мали промени во метео условите.