Еве кои се милионери од пратениците – Фото


Околу 540 милиони евра тежи личното богатство на македонските пратеници од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, покажуваат податоците објавени на сајтот на Антикорупциската комисија.

 98% од ова богатство му припаѓа на Фијат Цаноски, кој е на половина пат во мисијата да стане милијардер. Тој  во имотниот лист навел имот вреден неверојатни 533 милиони евра.

canoski_1Меѓу имотот на Фијат Цаноски, според податоците на Антикорупциска, највредно е побарувањето по пресуда до 2005 година, вредно 460 милиони евра. Цаноски поседува и куќа во Струга од 2450 квадрати вредна 22 милиони евра и акции вредни 715 илјади евра.

Сумата до 533 милиони евра ја надополнува разен деловен простор, земјиште на неговата фирма и други куќи и викендички. Пресметката покажува дека Цаноски е дури 50 пати побогат од сите останати пратеници заедно.

fijatimoten-640x319

Останатите 2% ги распределуваат останатите деведесетина пратеници од македонскиот политчки блок. Меѓу нив, најбогат е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев кој располага со имот вреден над 1,6 милиони евра.  Милионер е и пратеникот од владејчката коалиција кој ја претставува дијаспората, Милорад Додевски, кој во антикорупциска пријавил имот вреден нешто над милион евра.

pisevimoten-640x267

По Цаноски, во опозициската коалиција, најбогат е пратеникот Самка Ибраимовски, кој во антикорупциска пријавил нешто под 700.000 евра, а а тука е и Цветанка Ивановска која без имотот на сопругот и децата, располага со сума од околу 400 илјади евра.
Ако го исклчуиме од пресметката пратеникот Фијат Цаноски и неговоот огромно богатсво,  тогаш математиката покажува дека секој од пратениците од двете коалиции во просек располага со лично богатство вредно нешто помалку од 100.000 евра. Во пресметката не се земени предвид, имотите кои се наведени како споственост на брачните партнери и децата и родителите на пратениците

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1